8.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕХНОЛОГИЈА

Видео: Полета еден од најголемите авиони на светот, еве како изгледа

Авионот Air Beluga XL полета за првпат денес во Франција, а кружеше на небото на југозападот на таа земја. Наследникот на AirBus Beluga е препознатлив по предниот дел кој сега уште повеќе наликува на кит.

Супертранспортерот е еден од најголемите авиони на светот, а од својот претходник е подолг шест метри, а поширок еден метар.

Со полетувањето на ова „чудовиште“ започна пробниот период од 10 месеци, а потоа авионот ќе има и комерцијални летови.

Овие авиони воглавно се користат за транспорт на авионски крила од фабриката до локацијата каде се склопуваат деловите.

Компанијата Airbus соопшти дека овој авион е еден од петте кои ќе се најдат во употреба од 2019 година.

https://youtu.be/_Kvlo1vvI7I