12.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

НАТО ја штити и Црна Гора, тврди Меркел

Германската канцеларка, Ангела Меркел, изјави дека политиката на НАТО за заштита на членките на алијансата се однесува на сите земји, вклучувајќи ја и Црна Гора.

Меркел смета дека одредбата за заедничката одбрана е во основата на НАТО и тоа важи за сите членки не само за големите или малите.

„Црна Гора направи големи напори за да стане членка на НАТО и драго ми е што е дел од алијансата“, изјави Меркел.

Претходно, неделава, американскиот претседател, Доналд Трамп, оцени дека, доколку Црногорците станат агресивни, тоа би можело да предизвика трета светска војна поради обврската на НАТО да ги брани сите свои членки.

Спонзорирано: