20.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

АМСМ: На Табановце се чека и до еден час

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничниот премин Табановце за влез и излез од државата се чека од 30 до 60 минути, а на другите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ во редовниот извештај за состојбата на патиштата.

Инаку, сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. АМСМ препорачува внимателно возење, приспособена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани-Македонска Каменица-Делчево, Виница-Берово, Гостивар-Стража, Маврово-Дебар-Струга, Демир Капија-Удово, Катланово-Велес, Крушево-Демир Хисар и Ресен-Буково.

Спонзорирано: