5.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Беса: Во Европа да влеземе како Европејци

Крилото на Африм Гаши од политичката партија „Беса“ денеска преку соопштение порача дека сите ние треба да се гордееме со Македонија, која успеала да стигне пред вратите на ЕУ.

„Сега е време кога и ние треба да се погледнеме во себе и да видиме кои работи треба да ги смениме за да влеземе во Европската Унија како Европејци, а не како дојденци од земја што Европа ги прифаќа поради милост, а не дека ги чувствува како свој рамноправен дел. Верувам дека првата работа што треба да се направи за Македонија да стане Европа е сите ние да создаваме услови за добар живот за нашите млади. За да се постигне ова, предуслов е младите да ги вклучиме во нашите одлуки бидејќи ним им припаѓа иднината, на помладата генерација, за да имаат и тие можност да одлучуваат за својата судбина. Паралелно со тоа, мора да бидеме ослободени од мрачното минато, од времето на слоганите ‘смрт за Шиптарите’“, порача партијата во соопштението.

Во тој контекст Беса посака отсега натаму да има само „натписи” кои промовираат соживот и заемна толеранција.

Спонзорирано: