19.8 C
Скопје
30. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Димитров на проштална средба со амбасадорката на Австралија, Џулија Фини

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, денеска во проштална средба ја прими Џулија Фини, вонреден и ополномоштен амбасадор на Австралија за Република Македонија, со седиште во Белград.

Како што информираат од МНР, изразувајќи задоволството од плодниот ангажман на амбасадорката Фини во изминатите четири и пол години, министерот Димитров ѝ врачил благодарница за нејзиниот придонес во промовирањето и збогатувањето на пријателството и соработката меѓу двете држави.

Димитров и Фини се согласиле дека политичките односи меѓу двете земји во изминатиот период бележат постојан нагорен тренд.

Оваа година дополнително ja одбележа и посетата на министерката за надворешни работи, Џули Бишоп, на Република Македонија, која даде значаен импулс за билатералната и мултилатералната соработка на двете земји, наведуваат од МНР.

Амбасадорката Фини на средбата упатила честитки за постигнувањата на Република Македонија на планот на европските и евро-атлантските интеграции.

Спонзорирано: