14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото илустрација
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Вооружена престрелка во Тетово – има ранети

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово извршиl увид на лице место на улицата „29-ти Ноември“ во Тетово каде што во вооружена престрелка во текот на ноќта биле повредени три лица.

Повредените поради сериозноста на повредите веднаш се пренесени на скопските клиники, а мотивот за престрелката ќе се утврдува.

За таа цел, јавниот обвинител издало наредби за прибирање и вештачење на трагите пронајдени на лице место, за вештачење на пронајденото оружје (еден пиштол) и муниција, како и за вештачење на возилото пронајдено на местото на престрелката.

По наредба на јавниот обвинител, на сите инволвирани во инцидентот ќе им бидат земени парафински ракавици заради проверка на присуството на барутни честички, а ќе се проверува и присуството на алкохол во нивната крв.