12.8 C
Скопје
11. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Хрватските интернет-страници бележат рекорд, бројот на посетите е зголемен 250 отсто

Влезот на Хрватска во финалето на фудбалското првенство е историско достигнување што ја стави земјата во фокусот на светската јавност.

За Хрватска се пишува на светските портали повеќе отколку во последните три години заедно. Се чини дека победата на Хрватска над Англија ги натера луѓето во светот да ја истражуваат Хрватска преку интернет.

На „Твитер“ се остварени повеќе од 2 милиона впечатоци, а преку оваа социјална мрежа беа примени и повеќе од илјада честитки и пораки за поддршка.

Огромни резултати исто така бележи и глобалната страница на „Фејсбук“ на ХТЗ, каде што објавените постови ги видоа неколку милиони луѓе, особено од Полска, Германија и од Италија. Социјалната мрежа „Инстаграм“ ја посетија милион луѓе во еден ден.