14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Македонија станува дел од семејството, во куќа во која припаѓаме, порача Заев во Брисел

Македонија станува дел од семејството, во куќа во која припаѓаме, изјави претседателот на Владата, Зоран Заев, на првиот ден на НАТО Самитот, за време на панелот „НАТО ангажмани: Дијалози на Самитот во Брисел“.

Одговарајќи на прашања, Заев нагласи дека Македонија во изминатите години постојано работеше на подигање на стандардите и на имплементација на вредностите што ги негува алијансата.

„Република Македонија и дотогаш, и од тогаш натаму, активно учествува во мисиите на северно-атлантскиот сојуз. Заедно со Алијансата, нашата земја, активно придонесува во мисиите за сузбивање на глобалните закани, терористичките закани, како и заканите што доаѓаат од насилен екстремизам.Припадниците на АРМ добиваа доверба да бидат дел или да бидат главни актери во сериозни безбедносни предизвици. Со учеството во тие мисии растеа и капацитетите на припадниците на АРМ, како и на цивилните структури на нашата администрација“, рече Заев.

Тој одговараше и на прашањата поврзани со безбедносните политики и регионалната соработка, како и за соработката со соседите.

Учеството на панелот се совпадна со соопштението кое во истиот момент беше објавено, дека земјите членки на НАТО донесоа одлука да ја поканат Македонија да ги отпочне завршните преговори за полноправно членство во алијансата, и делегацијата на Македонија беше пречекана со аплауз од гостите и учесниците на панелот.