5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

До крајот на работната недела стабилно и топло, а викендов нови промени – еве што не очекува

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Вредноста на УВ индексот ќе изнесува 9. Дневната температура ќе се движи од 22 до 34 степени.

До крајот на работната недела ќе се задржи претежно стабилно и се потопло време.

Во петок ќе има услови за краткотрајна нестабилност на северот и ќе започне да дува поинтензивен северен ветер.

За време на викендот се очекува појава на локален дожд и ретки грмежи и ќе дува повремено засилен северен ветер.