5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Премиерот Заев вечерва откри: Еве какви се плановите

Референдум за името ќе се одржи на 23 септември, 30 септември или 7 октомври, вели премиерот Зоран Заев во интервјуто за грчката државна телевизија ЕРТ.

Тој повтори дека референдумот ќе има обврзувачки карактер и дека целта е до 15 јануари да се завршат сите предвидени обврски,

– Ако биде порано, тоа е добро. Дури сакаме да завршиме пред божиќните празници кои што се слават, дури и пред Нова година и во тој аспект затоа оставаме некои 3 месеци. Согласно нашиот Устав и законите ни се потребни некои стотина дена. Затоа 15 јануари е поставен – вели Заев.

Со успешниот референдум, додава тој, јас сум убеден дека сите во парламентот ќе го послушаат народот што кажува на референдум и така ќе гласаат. „Тоа денеска го добиваме како порака дури и од претседателот на државата, господинот Ѓорге Иванов дека ако референдумот е успешен, секако и тој ќе ги поддржи и Договорот со Грција и сето она што е следна фаза, а и опозицијата исто така“, вели Заев.

Спонзорирано: