17.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

ЕУ ја одби реформата за Законот за авторски права

Пратениците на Европскиот парламент не ја изгласаа предлог-уредбата за измена на Законот за авторски права. Со таа уредба на технолошките гиганти, како „Гугл“, „Фејсбук“ и други корисници на туѓи материјали, би им било наложено да им плаќаат компензација на авторите за користење преземени содржини.

„Ројтерс“ пренесува дека вчерашната одлука е победа на технолошките компании, кои се борат против еднаквите услови во креативната индустрија.

Одбиената реформа за Законот за авторски права се базира на предлогот на Европската комисија, која се обидела да осигура авторите, издавачите и другите да добијат компензација доколку онлајн-платформите, како „Фејсбук“, искористат нивна содржина.

Спонзорирано: