16.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Пресврт на протестот пред Влада – демонстрантите го прекинаа протестот и задоволни си заминаа дома

Вработените во фабриката за воена опрема „Еурокомпозит“ од Прилеп го прекинаа протестот пред Владата и почнаа со отстранување на шаторите што вчера ги поставија.

Тие информираа дека постигнале договор со Владата до петок да им бидат исплатени по 30.000 денари, а во меѓувреме да продолжат со работните активности. Велат дека вицепремиерот Кочо Анѓушев им ветил дека за неколку месеци ќе се реализира и процедурата за технолошки вишок на 130 вработени.

Околку 260 вработени во фабриката немаат земено 18 плати и не им се исплатени придонеси од 2012 година.

Спонзорирано: