8.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Синоптичарите најавуваат опаѓање на температурите, еве од кога

Времето утре ќе биде претежно сончево и топло со слаб до умерен северозападен ветер. Вредноста на УВ индексот ќе изнесува 9. Дневната температура ќе се движи од 27 до 36 степени.

До петок ќе преовладува сончево и топло време.

Во петок и за времен на викендот во попладневните часови, претежно во источните и северните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално се можни поинтензивни процеси, особено во сабота.

Во недела ќе дува умерен до засилен северен ветер кој ќе предизвика опаѓање на температурите за неколку степени.