3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Падна цената на нафтата

Цената на нафтата синоќа на светските пазари се намали поради зголеменото снабдување од Саудиска Арабија и Русија и забавениот економски раст во Азија. На лондонскиот пазар цената за барел падна за 53 центи и изнесува 78,7 долари. Во Њујорк еден барел се тргува по речиси непроменета цена од 74, 1 долари.

Инаку, американскиот претседател, Доналд Трамп, во саботата објави на „Твитер“ дека саудискиот крал Салман бин Абдулази ал Сауд се согласил да произведува повеќе нафта можеби и до два милиони барели, иако Белата куќа подоцна ја повлече ваквата изјава.

Барањата за зголемување на производството се резултат на загриженоста за снабдување со оглед на нарушеното производство во Канада, Венецуела и Либија и очекуваното намалување на иранскиот извоз поради американските санкции.

Организацијата на земјите извозници на нафта (ОПЕК) не објави податоци за цената на барелот на крајот на минатата недела. Минатата среда изнесуваше 74, 31 долар.

Спонзорирано: