20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

МВР предмалку излезе со жестока реакција до една политичка партија: Ова е пораката

По денешната прес конференција на политичка партија, на која што беа изнесени целосно неточни и тенденциозни наводи околу наводно “деградирање и шиканирање“ на припадници на Единицата за специјални задачи при што сето тоа било правено без “никаков респект и причина“, МВР мора уште еднаш, во интерес на граѓаните и на вистината, категорично да ги отфрли ваквите неточни а крајно манипулативни наводи.

Како и пред неколку недели, кога МВР ги негираше целосните невистини за наводната кадровска промена во врвот на ЕСЗ, што и практично се покажа како злонамерна “сензационалистичка“ шпекулација, така и сега ја информираме јавноста дека во МВР е завршено времето на партиско-политичките или кои било други “интересни“ критериуми за професионално работење и напредување во организационите структури на македонската полиција.

Како и во сите други организациони единици при МВР, така и во ЕСЗ тековно и врз основа на потребите и проценките за извршување на работните задачи од надлежност на Министерството, се спроведува распоредување на вработени, а сето тоа строго согласно постапката утврдена во Законот за внатрешни работи и другите позитивни подзаконски акти и правилници.