16.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Нови правила за технички преглед на возила: Техничкиот не смее да трае помалку од пола час, возила со корозија нема шанси да се регистрираат

Нови правила неделава стартуваат за регистрација на возилата во Србија.

Според српските медиуми, на 5-ти јули почнува со важност новиот правилник за технички преглед на автомобили со кој од сега техничкиот преглед ќе трае не помалку од 30 минути, со цел да се провери автомобилот детално.

Со закон е пропишано за товарните возила техничкиот преглед да трае најмалку 45 минути.

Согласно новиот правилник, станиците за технички преглед нема да издаваат потврди за исправни возила доколку тие покрај стандардните проблеми со кочниците и управувачот имаат и делови од автомобилот кои се зафатени со корозија.

Поради новиот правилник, голем број граѓани на Србија брзаат да извршат технички преглед пред да стапи на сила измената. Поради тоа, како што пишуваат локалните медиуми во станиците за технички преглед низ Србија за регистрација на автомобил се чека и по повеќе од еден час, а гужвите стануваат се поголеми.

Спонзорирано: