9.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

(Видео) Тајланд: По девет дена пронајдени младите фудбалери кои исчезнаа во пештара

Деветдневната потрага по 12 момчиња и нивниот фудбалски тренер, кои се изгубија во пештери во Тајланд, заврши среќно. Тие се пронајдени живи, објави регионалниот гувернер.

„Сите се на безбедно. Тие се лоцирани од специјални единици“, изјави Наронгсак Осотанакорн, ставајќи крај на масовната спасувачка операција за пребарување на Там Луанг пештерите во Чианг Раи. Тие биле пронајдени од страна на поморските специјални сили. Надојдената вода и кал го отежнуваа пребарувањето на нуркачите.

Сепак, тие сѐ уште не се изведени на површина, што, исто така, ќе биде ризична и сложена операција поради надојдената вода и големи количества кал.

Момчињата на возраст од 11 до 16 години и нивниот 25-годишен тренер исчезнаа на 23 јуни, кога тргнале да го истражуваат пештерскиот систем Там Луанг во областа Чијанг Раи. Оттогаш, нивната судбина беше непозната. „Тие се на сигурно, но нашата мисија не е комплетирана. Нашата мисија е барај, спаси, врати. Засега само ги пронајдовме“, додаде гувернерот.

Тајланд е во средиштето на дождовната сезона кога пештерите често се поплавуваат.