22.8 C
Скопје
1. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Вечерва се огласи Оливер Спасовски во врска со големата полициска акција – еве што откри

Се бориме за правда и мир, а тоа значи и неселективна примена на законите и подеднаков пристап кон сите кои ги прекршуваат правилата, пишува министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, по вчерашната акција на полицијата во неколку ноќни клубови низ Скопје.

„Вчера беше спроведена заедничка акција на Министерството за внатрешни работи, Државниот пазарен инспекторат, Управата за јавни приходи и Државниот инспекторат за труд. Целта беше да се превземат мерки против оние кои на било каков начин ги прекршуваат законите и со своите постапки го загрозуваат јавниот ред и мир. Меѓу чесните гости имаше и такви кои незаконски беа вооружени, кои поседуваа наркотични средства, кои нападнаа полицајци и кои одбија да постапат по полициска наредба.

Ноќните клубови се места за забава, но мора да бидат безбедни, а законот важи еднакво за сите.

Полицијата нема воопшто употребено сила, а акцијата е спроведена според прописите и правилата. Ги повикувам граѓаните да пријават во МВР доколку се соочиле со несоодветно однесување на полицијата – веднаш ќе реагираме согласно процедурата. Безбедноста на граѓаните е на прво место!“, напиша Спасовски.

Спонзорирано: