8.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Uncategorized

Семејна трагедија во Њу Делхи: Во стан пронајдени 11 тела

Полицијата пронашла безживотни тела на 11 членови на едно семејство во стан во центарот на индискиот главен град Њу Делхи.

Полицијата соопштила дека десет тела виселе на таван со врзани очи, а дека едно тело било пронајдено на под.

Трагедијата се случила во квартот Бурари, а полицискиот комесар Винет Кумар соопштил дека пронајдените тела се префрлени во Центарот за форензичка медицина каде ќе биде извршена обдукција.

Во станот не се пронајдени траги на борба, ниту на телата имало било какви видливи повреди.

Истрагата за случајот е во тек и се очекува одговор дали станува збор за групно самоубиство или повеќекратно убиство.