17.8 C
Скопје
1. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Силно невреме предизвика хаос: Поплавени улици и откорнати покриви и дрва (видео)

Големо невреме со силен ветер и пороен дожд погоди делови во Србија, а повеќемина жители се принудени да ги напуштат нивните домови. Особено критично е во Суботица, од каде што доаѓаат информации за големи поплави по улиците. Спасувачки екипи со чамци итно се испратени во поплавените подрачја.
https://www.facebook.com/natalija.tasic.7/videos/10216705522015602/?t=0
Под вода се и неколку булевари во Белград. Сообраќајот на делови од Ибарска магистрала е во прекин заради надојдената вода која што делови од патот претворила во езера.
Обилните дождови вчера парализирале бројни белградски населби, а најлошо минале жителите на Гроцка, Раковица и Барајево, каде куќите дури и биле поплавени. Како што велат мештаните од општина Барајево, улиците се под вода, патиштата се поплавени, домаќинствата и нивите се поплавени, а автомобилите пловат.
Пороен дожд го зафати и Нови Сад, предизвикувајќи големи проблеми, а надлежните служби се наоѓаат на терен.
Спонзорирано: