8.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Италија ќе ја видите само на разгледница, им порача Салвини на невладините организации кои превезуваат мигранти

Италијанскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи, Матео Салвини, им порача на невладините организации кои им помагаат на мигрантите во Медитеранот дека италијанските пристаништа ќе бидат затворени за нив во текот на целото лето.

„Невладините спасувачки бродови ќе ја видат Италија само на разгледници“, рече Салвини, а пренесе РТ.

Тој додаде дека италијанските пристаништа, без оглед на договорот со ЕУ, во текот на летото ќе останат затворени за овие организации.