8.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Градежните компании лани потрошиле за 24,9 проценти помалку материјали

Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2017 година деловните субјекти што се занимаваат со градежна дејност потрошиле градежни материјали и енергија во вредност од 9 701 532 илјади денари, што е за 24.9 проценти помалку во однос на претходната година.

Во вкупната вредност на потрошените градежни материјали и енергија, најголемо учество има групата „Материјали за врзување“ со 3 574 938 илјади денари (36.8 проценти), потоа следат групите „Потрошено гориво“ со 1 336 566 илјади денари (13.8 проценти), „Изолациски материјали и премази“ со 1 184 713 илјади денари (12.2 проценти) .