17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Облачно и свежо со повремени врнежи

Од изутрина ќе биде облачно и свежо со врнежи од дожд проследени со ретки грмежи претежно на југот. Управата за хидерометеоролошки работи соопшти дека врнежите ќе бидат пообилни во јужните делови и особено претпладне.

Ќе дува слаб, а попладне умерен северозападен ветер, додека минималните температури ќе се движат од 10 до 17, а максималните од 16 до 22 степени.

Во Скопско ќе биде облачно и свежо со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Температурата ќе биде во интервал од 14 до 21 степен.

Во петок и во сабота времето ќе биде посончево со значителен пораст на дневната температура, но во попладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи.

Во петок врнежите ќе се претежно во крајните западни и источни делови.