14.8 C
Скопје
15. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

(Видео) Надојдената вода од невремето на Халкидики одвлече возила кон морето

Нестабилното време деновиве донесе обилни врнежи од дожд на целиот Балкан, а најголем проблем има Грција, каде што многу плажи и улици се под вода, која на некои места носеше и автомобили.

На Халкидики најкритично е на средниот крак Ситонија, каде што се поплавени куќи и други објекти, соопшти противпожарната служба. Во Никити на Ситонија преплавени се патишта, што предизвикало проблеми во сообраќајот, а водата кон морето повлекла и повеќе возила, јави грчката агенција АНА.

https://www.youtube.com/watch?v=IvlXssDW24k

Социјалните мрежи се преплавени со снимки и фотографии од катастрофата што ја погоди земјата во екот на туристичката сезона.