11.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

УХМР предупредува: Следува невреме – од петок голема промена на времето

До четврток нашето подрачје ќе биде под влијание на циклонска активност што ќе Предизвика претежно облачно и посвежо време со врнежи од дожд и ретки грмежи. Од целиот бран локално се очекува да наврнат и над 75 л/м2 дожд.

Утре попладне, во текот на ноќта како и в четврток претпладне врнежите ќе бидат поинтензивни и за кратко време ќе наврне поголема количина на воден талог (околу 50 л/м2 за 6 часа), особено во јужните и југоисточните делови.

В петок и сабота времето ќе биде посончево со значителен пораст на дневната температура, но во попладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи.