16.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Кабинетот на Иванов: Во тек се постапките за именувањето на амбасадорите

Кабинетот на претседателот, Ѓорге Иванов ги демантира изнесените тврдења од страна на Дипломатскиот клуб кој претходно посочи на блокада во процесот на именување на шефови на Дипломатско-конзуларните претставништва на Македонија во странство од страна на претседателот.

„Ја информираме јавноста дека за сите предлог-кандидати за амбасадори, за кои претходно е постигната согласност со Министерството за надворешни работи, постапките за нивно именување се во тек. Согласно законските процедури, за дел од прифатените и усогласени предлози, постапките за нивно именување се завршени и дипломатите се веќе упатени на извршување на амбасадорската должност“, соопшти Кабинетот на Иванов.

Од Кабинетот порачаа дека доколку Дипломатскиот клуб има забелешки околу постапката и процедурите за именување на амбасадори, треба да ги побараат одговорите во Кабинетот на министерот за надворешни работи.

„Претседателот на Република Македонија, како и досега, останува доследен на своите заложби за поставување на професионални и стручни кадри, кои ќе придонесат во јакнење на дипломатската мрежа и ќе ги застапуваат интересите на Република Македонија“, се вели во соопштението.

Дипломатскиот клуб претходно соопшти дека во моментов се празни 20 позиции на амбасадори на Македонија во странство поради неноминирање од страна на претседателот Иванов и покрај серијата предлози што до него ги има доставено Владата