17.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото: Pixabay
СВЕТ

Пентагон нема да може да ги одбрани Полска и Балтикот ако Русија ги нападне

Американската армија не може да ја спречи Русија, во случај на војна, да ги заземе балтичките земји и Полска, тврди американски Пентагон. Станува збор за заклучок донесен по завршувањето на симулацијата на воен судир на земјите на Западна Европа и Русија, а „Вашингтон Пост“ објаснува дека САД спровеле барем една таква воена вежба досега.

Споменатиот медиум тврди дека Русите успеале да ги заземат балтичките земји уште додека штабот на американската војска ги пополнувал 17-те формулари потребни за префрлање на претходницата на НАТО од територијата на Германија во Полска.

Уште еден проблем за американската армија претставуваат тесните патишта и слабата транспортна инфраструктура. Најголем проблем биле премногу слабите мостови кои што не можат да ја издржат тежината на американските тенкови.

Голем проблем за американските војници може да претставува и европската бирократија. Проаѓањето на војската би можело да биде забавено и од страна на „досадните пасошки контролори и тврдоглавите железнички компании“, пишува„Вашингтон Пост“.

Проценето било дека силите на САД се соочувале со слични проблеми и во текот на симулацијата во текот на минатата година.

Американската команда во изминатите четири месеци се обидувала во постојаната воена база во Германија да ги врати оклопните транспортери кои што биле користени за време на воените вежби во Грузија. Симулациите и активноста на НАТО силите во своите земји членки од источниот блок се интензивираа во последните неколку години по барање на властите на Летонија, Естонија и Литванија, кои што стравуваат од руска агресија, откако се случи агресијата на Москва врз Украина и Грузија.