17.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Меркел вети дека ќе работи конструктивно со Ердоган

Германија вети дека ќе продолжи да работи конструктивно со новата турска влада, по изборната победа на Реџеп Тајип Ердоган, пренесува турската новинска агенција „Анадолија“.

„Со нетрпение очекуваме да продолжиме со конструктивните и задоволителни работни односи меѓу германската и турската влада“, изјави портпаролот на канцеларката Анегла Меркел, за време на прес-конференција во Берлин.

Тој додаде дека Меркел ќе му ја честита победата на Ердоган, кога моментот ќе биде соодветен.