17.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Возач нападнат кога сакал да пријави сообраќајна несреќа

Возач бил нападнат кога сакал да пријави сообраќајна несреќа. Настанот се случил вчера околу 18 часот на локалниот пат село Брест-регионален пат Штип-Радовиш.

Сопоред полицијата, се случила сообраќајна незгода меѓу патничко моторно возило „голф 3“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Т.С. (50) од село Брест и патничко моторно возило „фиат пунто“ без регистарски ознаки, управувано од непознато лице.

Кога Т.С. излегол од возилото и сакал од својот мобилен телефон да го пријави настанот во полиција, физички бил нападнат од возачот и совозачот на возилото „фиат пунто“, кои потоа му го одзеле возилото и избегале оставајќи го нивното возило на лице место. Одземеното возило „голф 3“ било пронајдено во близина на селото Брест. Увид на лице место извршила екипа од СВР-Штип. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата и расчистување на случајот.