17.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Разбојништво во спортска обложувалница во Скопје

Двајца разбојници ограбиле спортска обложувалница во Скопје. Според полицијата, вчера во 21.50 часот во Скопје на улицата „Коста Новаковиќ“ во спортска обложувалница две непознати лица со закана со пиштол извршиле разбојништво над вработената А.Н (47) од Скопје при што и одзеле околу 36.000 денари.

Увид на лице место извршила екипа од СВР-Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.