17.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Премиерот Зоран Заев се огласи во врска со евентуалните предвремени парламентарни избори

Премиерот Зоран Заев во интервјуто за белградска Политика, вели дека подобор е Владата да го заврши целиот четиригодишен мандат, меѓутоа, додава тој, прашањето за предвремени парламентарни избори не зависи само од него, туку од општиот амбиент.

„Јас велам дека е подобро секоја Влада да го заврши својот целосен мандат доверен од граѓаните, да покаже резултати, па после да излезе на мегдан. Исто така, не е добро за економските циклуси постојано да има предвремени избори, тоа ги нарушува плановите на бизнисите и граѓаните. Се разбира, прашањето на предвремени избори не зависи само од мене, туку од општиот политички амбиент и од однесувањето на сите политички субјекти и во таа смисла, ние ќе постапиме согласно највисоките и вистинските потреби на граѓаните и државата“- рече Заев.

Тој вели дека анкетите се во нивни прилог, но сакаат да ја зајакнат довербата кај граѓаните.
Заев во интервјуто кажа дека се чувствува исполнето затоа што работи на реализирањето на визиите.

Спонзорирано: