8.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Невреме беснее низ Македонија – еве каде е најкритично

Времето денеска беше променливо облачно, ветровито и значително посвежо, претпладне на повеќе места со повремен локален слаб дожд.

Облачноста се преместуваше кон југоисток, а попладнево зголемена облачност има само на запад.

Преку денот дуваше умерен северозападен ветер кој долж Повардарието и на повисеките места засилуваше. Умерен ветер има на крајот од денов.

Најмногу дожд денеска наврна во Лазарополе, Претор, Битола, Маврово, Струмица, Крива Паланка и Охрид.

Вечерва малку повеќе облачност ќе има се уште на западот, но и таа ќе се намалува.

Ќе остане да дува слаб и повремено умерен северозападен ветер, најизразен во Повардарието.