16.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Uncategorized

Истрагата за пожарот во Велес во кој загинаа три деца сè уште трае

Сè уште не се познати причините како настанал пожарот во куќата во Велес во кој загинаа три девојчиња на возраст од четири, две и една година. Од Министерството за труд и социјална политика информираа дека општината во соработка со Центарот за социјална работа ќе го организираат нивниот погреб.

Од таму, исто така, информираа дека родителите на децата биле корисници на социјална парична помош.

Пожарот со трагичен исход се случи вчера попладне во куќа на улица Даре Џамбаз, под ридот Вршник. Според првичните сознанија на јавниот обвинител, родителите ги заклучиле децата и заминале во продавница. За тоа време, од засега непознати причини, избувнал пожар и за кратко време ја зафатил куќата, во која нема ниту струја ниту вода.

Од Обвинителството соопштија дека ќе се врши проверка на трагите земени од местото за да се утврдат причините за настанување на пожарот. „Надлежниот јавен обвинител презема дејствија за расчистување на околностите на настанот и за утврдување евентуална кривична одговорност“, велат од велешкото обвинителство.

Спонзорирано: