20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Груби: Денес се раѓа ново сонце на слободата

Денес се раѓа ново сонце на слободата и исполнување на сонот на Македонија за Европската Унија, рече пратеникот од ДУИ, Артан Груби, на собраниската седница на која пратениците треба да гласаат за ратификација на договорот со Грција.

„Некои ги нарекувале Гоце Делчев и Скендер Бег предавници, но историјата покажа дека тие биле херои. Херојство е да обезбедиш иднина за своите деца. Сите пред вас денес имате три копчиња. Зеленото копче е за храбрите луѓе и за сите што ја сакаат Македонија за своја татковина“, рече Груби.