24.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Облечете се добро: Доаѓа студен бран и драстичен пад на температурите

Нестабилноста која ја имавме и ја имаме оваа вечер на многу места проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер, електрични празнења и локална појава на град но и северниот ветер ќе условат во текот на оваа ноќ значителен пад на температурите на воздухот па така во текот на оваа ноќ и утре наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот од 10 до 17 степени а времето ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд додека локално сеуште има услови за локална нестабилност со грмежи, објави Метеомакс.

Нестабилното време ќе се задржи и во текот на утрешниот ден (вторник) а има услови и за слаб локален дожд во текот на претпладнето додека од пладне па натаму на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер а не се исклучува можноста и за поинтензивни атмосферски процепи проследени со електрични празнења и услови за појава на град додека максимумот на температурите на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 32 степени.