8.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Премиерот Заев со моќна порака до нацијата на само 24 часа пред потпишувањето на историскиот договор со Грција

Синоќа во Струмица, премиерот Зоран Заев излезе со моќна порака до македонскиот народ.

-Ние во недела ќе го потпишеме договорот и тоа ќе ја испрати позитивната пријателска порака. Мене ми е важно што сето ова се случува во еден период кога Балканот раководи со ЕУ, односно Бугарија ја води Европската Унија и посебно сум среќен што и на Западна Европа и испративме сигнали на европско однесување и на европски манири, и дека како Балкан имаме целосно право да бидеме дел од Европа, рече македонскиот премиер Зоран Заев.

Според Заев имаше протести и незгодни зборови пред да се склучи договорот со Бугарија.

– Еве, оттогаш поминаа десет месеци откако го потпишавме заедно со премиерот Борисов во Скопје и ништо не загуби Бугарија, ништо не загуби Македонија, туку само добија Македонија и Бугарија. Така ќе биде и со Грција порача Заев во петокот навечер во Струмица.

-Ние веруваме, а посебно договорот со Бугарија ја разбуди Европа и ги насочи очите на Европа кон Македонија. Тоа беше едно од најисилните прашања, а договорот со Грција треба дополнително да ја мотивра Европа и сите нејзини земји членки. Јас знам дека големите пријатели како Бугарија и други земји се борат за нас. Знам дека имаме многу причини заради реформите што се случуваат во Македонија и дека немаме отворени прашања со своите соседи, бараме шанса да добиеме датум за преговори. Тоа не значи членство во ЕУ.Европа веројатно ќе се реформира и ќе се подобрува, а ние ќе преговараме за да ги подобриме капацитете на институциит во Република Македонија и верувам дека тоа ќе биде така и дека ќе добиеме шанса да почнеме преговори со Европската унија, потенцираше премиерот.