26.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Лекар и го спасил животот откако ја видел на телевизија и забележал нешто сомнително (Видео)

Хирург од Њујорк и го спасил животот на една жена препознавајќи ги симптомите на опасна болест додека таа гостувала на телевизија.

Никол МекЏинис учествувала во ТВ емисија кога познат хирург од Њујорк забележал нешто на нејзиниот врат и ги препознал симптомите на опасна болест – тумор на штитната жлезда.

Докторот Ерик Воит забележал нешто сомнително на нејзиниот врат.

Стручњакот веднаш сфатил дека постои голема шанса Никол да има рак на штитната жлезда. Го нашол нејзиниот профил на социјалните мрежи, контактирал со неа и и објаснил зошто веднаш треба да посети лекар.

Се обидела и дознала дека др. Воит е во право. За среќа, болеста е откриена на време.

Доктор Воит и Никол се запознале во емисијата Good Morning America во која му заблагодарила за она што го направил за неа и што и го спасил животот.