5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

До понеделник невреме во Македонија, а еве што ќе се случува потоа

Времето утре претпладне ќе биде променливо облачно со повеќе сончеви периоди. Попладне ќе биде нестабилно, со локален дожд и грмежи и со услови за локална поја на град.

Вредноста на УВ индексот ќе изнесува 7. Дневната температура ќе се движи од 20 до 31 степен.

До понеделник времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд, проследени со грмежи.

Врнежите локално ќе бидат поројни и понекаде се очекува да наврне и поголема количина на воден талог.

Од среда нестабилноста ќе се намали, но и понатаму ќе има услови за локална појава на краткотраен пороен дожд со ретки грмежи.