20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото илустрација
МАКЕДОНИЈА

Нова трагична сообраќајка со смртни последици во Македонија

Попладнево се случи трагедија на македонските патишта.

Околу13:10 часот на улица „Лески“ во Штип, автобус со штипски регистарски ознаки, сопственост на приватна фирма од Штип, а управуван од 52-годишниот В.С. од Штип, удрил во 74-годишната С.А. од Штип. Од ударот С.А. се здобила со тешки телесни повреди и во критична состојба била пренесена во Медицинскиот центар Штип, каде во 14:50 часот починала, објави Курир.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Штип.