5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Нова трагедија: Згасна животот на уште едно младо момче во Скопје

На 09.06.2018 година во 14.30 часот во ПС Карпош од Итна медицинска помош е пријавено дека во Скопје на улица „Љубљанска“, во објект во изградба имало починато лице.

Излезено е на местото на настанот при што е констатирано дека се работи за В.Ц.(29) од село Кошари, Крива Паланка, вработен во фирмата која изведувала градежни работи на објектот.

Починатиот при изведување на градежни работи во објект во изградба додека ја командувал дигалката од 5-ти кон 1-ви кат се здобил со струен удар и починал. Телото на починатито е предадено на обдукција.