8.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Г7 самитот проследен со поделби меѓу Трамп и сојузниците

Преговорите на самитот на Г7 во Канада не успеаја да ги решат длабоките разлики меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и лидерите на големите индустриски нации. Главната поделба е во врска со трговијата.

Сојузниците на САД се лути поради неодамнешната одлука на американскиот претседател, Трамп да наметне тарифи за увоз на челик и алуминиум, зголемувајќи ги стравувањата од глобална трговска војна.

Не е јасно дали коминикето договорено од сите ќе биде објавено кога состанокот. Дводневниот самит се одржува во градот Ла Малбај, во провинцијата Квебек.

Трамп треба да замине рано денеска и да оди во Сингапур на значајниот состанок со севернокорејскиот лидер Ким Јонг-Ун.

Како што пренесуваат светските медиуми, самитот почнал многу лошо и би можел да заврши без вообичаеното коминике со кое се согласуваат сите.

Поделбите меѓу Трамп и другите шест лидери не се само во врска со трговијата, тие се поделени и за климатските промени, односите со Иран и израелско-палестинскиот конфликт.

Германската канцеларка Ангела Меркел е една од оние кои тврди дека би било подобро да ги издвојат тие разлики наместо да даваат лажен впечаток за единство.

Кај другите се уште постои надеж дека може да се најде некој вид консензус. Трамп вели дека се надева на напредок.