20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Внимателно низ Центар: Манијак напаѓа жени во центарот на Скопје

Манијак нападнал жена на улицата Пролет во скопски Центар.

Според информациите на полицијата, инцидентот се случил вчера околу 19.45 часот.

Т.Д. пријавила во полиција дека била пресретната од непознато машко лице кое ги соблекло панталоните и ја повлекло кон себе. Таа успеала да го оттргне и да избега.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.