10.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Постар маж нарачал проститутка, му дошла снаата!

Постар маж (70) од Тревизо, од северот на Италија, сериозно се скарал со синот (40) кога нарачал проститутка, а на вратата се појавила неговата идна снаа. Иако ова се случило пред неколку години, анегдотата и ден-денес се шерува на социјалните мрежи.

Чекајќи ја девојката која ја нарачал поради сексуални услуги, наместо непозната проститутка, се појавила девојката на неговиот син, која по потекло е од Јужна Америка, пренесе Thelocal.

Во голема дилема дали да му ги отвори очите на синот, соопштувајќи дека девојката не е келнерка, туку проститутка, или да ја сочува приватноста и да не му открие никому дека е корисник на вакви услуги, одлучил да не го изневери синот.

Сепак, сфатил дека требало оваа информација да ја задржи за себе, бидејќи синот не се налутил на девојката, туку на својот татко.

Овој инцидент бил заташкан сè додека случајот не завршил на суд, кога синот го тужел таткото за нанесена повреда.