20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Автомобил удри во 99-годишна старица кај „Континентал“

Жител на Сопиште со автомобил удрил во 99-годишна жена која се движела пеш кај кружниот тек на хотелот „Континентал“. Според информациите на МВР, старицата е задржана на лекување во болница.

Вчера во 9 часот на кружниот тек кај хотел „Континентал“ во Скопје, Т.А. (29) од село Сопиште, Скопско, со автомобил „фолксваген кеди“ со скопски регистарски ознаки, удрил во А.Т. (99) од Скопје. Од ударот А.Т. се здобила со тешки телесни повреди, по што била пренесена во Градска општа болница „Св. Наум Охридски“ каде ѝ била укажана лекарска помош и била задржана на понатамошно лекување. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.