17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

ОН го објавија првиот едукативен водич за борба против антисемитизмот

Обединетите нации го објавија својот прв водич за борба против антисемитизмот во образованието.

УНЕСКО, културното тело на ОН, ја објави публикацијата во понеделникот во Париз, во соработка со Организацијата за безбедност и соработка во Европа, ОБСЕ.

Водичот, чија цел беше да се користи помеѓу младите луѓе, просветните работници, како и политичките лидери, беше презентиран од страна на Одри Азулај, првиот генерален директор на УНЕСКО од еврејско потекло.

УНЕСКО изјави дека водичот обезбедува алатки за зајакнување на отпорноста на младите луѓе кон антисемитски идеи и насилен екстремизам, како на пример како да се одговори на антисемитски дејствувања и зборови во училишните средини.

Дополнително, водичот ги запознава едукаторите со антисемитските стереотипи и теории на заговор, но обработува и развивање на медиумски вештини за да им помогне на учениците да се спротивстават на манипулациите.