17.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Приведување на “Богородица” – Полицијата го привела, а потоа го ослободила В.Ј.

На 02.06.2018 година во 01,30 часот на Граничниот премин Богородица за излез од Р.Македонија во автобус со скопски регистерски таблици биле извршени проверки над патникот В.Ј. (28) од Скопје и во неговиот личен багаж во ранец завиткана во две ќесиња пронајдена била растителна материја (најверојатно марихуана) со тежина од околу 80 грама.

Во 02,00 часот В.Ј. бил лишен од слобода и по извршениот разговор во полициска станица истиот бил ослободен, а за стореното кривично дело ќе му биде поднесена соодветна кривична пријава.

Пронајдената растителна материја била одземена и предадена за понатамошна постапка.

Спонзорирано: