17.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Полицајците не можеле ни да сонуваат што ќе најдат во подрумот во една куќа, во скриен базен… (Фото)

Њујоршките полицајци не можеле ни да сонуваат што ќе пронајдат во подрумот во една куќа.

Имено, во подрумот пронашле базен, а во базенот – ајкули! Седум живи и три мртви, во само 15 метри долгиот базен.

Здруженијата за заштита на животни се сомневале дека сопственикот на куќата нелегално затвара диви животни, а сега нивните сомнежи се потврдени.

Ајкулите се префрлени во аквариум на Лонг Ајленд, а вработените секојдневно известуваат за нивната состојба.

– Многу се млади, според нивната должина веруваме дека имаат околу две или три години. Здрави се, убаво јадат и се под постојан надзор, рекле од аквариумот.

Спонзорирано: