17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Ѝ избегал на полицијата со комбе со мигранти

Доцна синоќа на регионалниот пат село Речица – село Ваксинце од страна на полициски службеници е даден знак за сопирање на возило „опел синдра“, но возилото не сопрело туку се упатило кон село Речица.

Истото возило е пронајдено оставено покрај патот на влезот во селото, а возачот го напуштил местото на настанот.

Во возилото се пронајдени пет лица од Пакистан и едно лице од Индија, по што истите се приведени и предадени во СВР Куманово за понатамошна постапка.