17.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Авион од Втората светска војна се распадна во лет и падна во населба

Авион од периодот на Втората светска војна се распаднал на парчиња, по што паднал во двор на една куќа во Лонг Ајленд во Њујорк, а пилотот починал. Несреќата се случила во средата попладне, а за време на инцидентот во авионот бил само пилотот, пренесоа локални њујоршки медиуми.

Како што се наведува, при падот на авионот биле соборени и неколку стебла, но, за среќа, не била погодена ниту една куќа и не било повредено ниту едно лице на тлото.

Се претпоставува дека пропелерот на авионот се распаднал во воздухот, а потоа деловите почнале да паѓаат на земја. На местото на падот избувнал и пожар кој за кратко време бил изгасен.

Авионот бил дел од „Геико Скајтајперс“, авиошоу во кое учествувале шест авиони од Втората светска војна, изведувајќи најразлични маневри.

Според информациите, пилотот Кен Џонсен завршил Морнаричка академија и работел како професионален пилот.

Истрагата за инцидентот ја водат Сојузната авијатичарска администрација и Националниот комитет за безбедност во сообраќајот.

Спонзорирано: