9.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Ким Кардашијан со Доналд Трамп во Белата куќа, разговараа за реформите во затворите

Американскиот претседател, Доналд Трамп, објави на „Твитер“ фотографија од средбата со реалити шоу ѕвездата Ким Кардашијан во Белата куќа.

Ким води кампања за помилување на Алис Џонасон, жена која служи доживотна казна затвор поради дрога, без право на условна слобода.

„Прекрасен состанок со Ким Кардашијан денеска, разговаравме за реформите во затворот и отслужувањето казни“, наведе претседателот на САД.

Кардашијан беше забележана како ја напушта Белата куќа со мала придружба околу еден час по нејзиното пристигнување.

Спонзорирано: